Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Милан Матов

Роден е на 8 ноември 1875 година во Струга. Тој е брат на Христо Матов. Основното иобразование го завршил во Струга, каде во 1896 година станува член на  ВМОРО.  Истата година се запишува во Битолската машка гимназија, каде уште во прата година, под раководство на Пере Тошев, организира Младински револуционерен кружок.

Во септември 1900 година станува член на Околискиот револуционерен комитет на Струга, а нешто потоа и началник на вооружените чети. Во пролетта 1902 година е уапсен и во затворот во Охрид е до март 1903 година, по што е ослободен по апшштата амнестија.

За време на Илинденското востание бил во четата на војводата Л.Групчев, со делување во Струшко. По завршувањето на востанието, доаѓа до несогласување со раководствата од Охрид и Струга и од 1904-1905 година учителствува во Струга.

Во 1905 година, по сугестија на Д.Груев оди во Битола и станува член на Битолскиот револуционерен округ. Од 1907 година е и битолски окружен војвода.

Од 1909-1911 година е училишен инспектор во Струга. Во септември 1913 година го раководел Охридското востание. По Првата светска војна бил активен во Илинденската организација и во Македонскиот научен институт и се застапувал за запирање на меѓусебните убиства на Македонците.

Умира на 21 мај 1962 година во Софија.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik